24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити со победата над Свонси, Јунајтед убедливо го совлада Лестер

Сити со победата над Свонси, Јунајтед убедливо го совлада Лестер

182392684589766ceef24d682420434_w640

Манчестерските тимови, Сити и Јунајтед со победи го заклучија 24.коло во Премиерлигата. Сити во судиското надополнување успеа да стигне до победата над Свонси (2:1), додека Јунајтед лесно славеше кај бранителот на титулата Лестер (3:0).

Тинејџерот Габриел Жесус му ја донесе победата на Манчестер Сити против Свонси, со која „граѓаните“ се искачија на третото место на табелата. 19-годишниот напаѓач го постигна првиот гол на мечот во 11.минута, потоа Свонси преку Сигурдсон израмни на девет минути до крајот, но Габриел Жесус во 92.минута го постави конечниот резултат.

Лестер сеуште е актуелен шампион, но јасно е дека тимот на Клаудио Раниери до крајот ќе се бори за опстанок. Лестер загуби од Манчестер Јунајтед 0:3, се наоѓа на 16-та позиција на табелата со 21 бод, само два повеќе од последнопласираните Кристал Палас и Сандерленд.

Јунајтед праѓањето на победникот го реши за само седум минути, најпрвин во 42-та и 44-та минута Шмајхел го совладаа Мхитаријан и Ибрахимовиќ, а во 49-та конечниот резуолта го постави Хуам Мата.

По 24 кола Челзи е неприкосновен лидер со 59 бодови, девет повеќе од Тотенхем, Сити има 49, Арсенал 37, Ливерпул 46, Јунајтед 46.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП