Сампдорија го совлада Милан

20

сампдо

Сампдорија го совлада Милан на „Сан Сиро“ со 1:0, во првиот меч кој во неделата се одигра во рамките на 23.коло во Серија А.

Сампдорија по триумфот над Рома во минатото коло, во неделата победи уште еден фаворит. На „Сан Сиро“, Самдорија победи со 1:0, со голот на Мјуриел од пенал во 70. минута.

Милан го забележа третиот пораз во низа во Серија А, вкупно четврти во сите натпреварувања.

Екипата на Винченцо Монтела се оддалечува од местата кои водат во европските купови, по 23 натпревари Милан е на осмото место со 37 бодови. Сампдорија, од друга страна, се искачи на десеттото место со 30 бодови.