15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Ефес ја прекина победничката серија на Црвена звезда

Евролига: Ефес ја прекина победничката серија на Црвена звезда

cz004

Ефес стави крај на евролигашката серија на Црвена звезда со победата во Белград 86:72, во рамките на 21.коло.

Анадолу Ефес втор пат во сезоната ја совлада Црвена звезда и по 21 натпревар стигна до скор од 10 победи и 11 порази. Белградскиот тим има 12 победи и 9 порази. Ефес ја прекина серијата на Црвена звезда од седум победи во Евролигата, односно серијата од 13 победи вклучувајќи ги и мечевите во АБА лигата.

Дерик Браун со 20 поени го предводеше Ефес, додека кај домаќинот најефикасен беше Марко Симоновиќ со 17 поени.

Лука Дончиќ и Џефри Тејлор постигнаа по 16 поени во триумфот на Реал над Басконија 79:71. Реал со оваа победа се искачи на врвот на табелата со скор 16 победи и пет порази, додека Басконија има скор 12/9.

Последнопласираниот Галатасарај успеа да го изненади Панатинаикос со победата 84:79. Турскиот тим ја запиша петтата победа во Евролигата, додека Панатинаикос деветтиот пораз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП