Девет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, која ја обележаа Вестбрук, Хареден, Томас, Казинс и Јокиќ.
Оклахома го победи Мемфис 114:102, во кој Расел Вестбрук ги погоди сите 17 слободни фрлања и го запиша 25-от трипл дабл во сезоната, вкупно 61-ви во кариерата.
Вестбрук мечот го заврши со 38 поени, 13 скокови и 12 асистенции.
Бостон со сигурна игра славеше над ЛА Лејкерс 113:107. Повторно блескаше Ајзеа Томас кој постигна 38 поени.
Хјустон и Чикаго играа продолженија, откако по 48 минути беше 108:108. Џејмс Харден остана асистенција до трипл дабл. Во триумфот на Хјустон 121:117, Харден имаше учинок од 42 поени, 12 скокови и 9 асистенции.
Девин Букер постигна поени во последната секунда со кои Феникс го совлада Сакраменто 105:103. Букер го предводеше Феникс со 33 поени, додека кај Сакраменто блескаше Демеркус Казинс со 22 поени и по 12 поени и асистенции.
Српскиот центар Никола Јокиќ во победата на Денвер над Милвоки 121:117 го забележа првиот трипл дабл во кариерата. Јокиќ имаше учинок од 23 поени, 13 скокови и 11 асистенции.