27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини го чека отказот на Билиќ

Манчини го чека отказот на Билиќ

Slaven-Bilic-says-Dimitri-Payet-is-old-news-585000

Славен Билиќ се наоѓа пред отказ, а на клупата на Вест Хем ќе го наследи Роберто Манчини, пишува Calciomercato.

Билиќ се соочува со отказ по вториот дебакл во дуелите со Манчестер Сити. Вест Хем, во средата, на домашен терен загуби со 4:0, а претходно од истиот противник беше елиминиран од ФА купот со 5:0.

Англиските медиуми, повикувајќи се на Calciomercato, пренесуваат дека италијанскиот тренер Роберто Манчини со членови на раководството на клубот, во средата, го гледал дебаклот на Вест Хем.

Манчини е без работа откако на почетокот на сеозната замина од Интер. тој имаше понуда да биде селектор на Италија, но рекол дека „го интересита само клупскиот фудбал“.

Според истиот извор Билиќ ќе добие отказ доколку викендов загуби од Саутемптон, а Вест Хем ќе го назначи Манчини за нов тренер на екипата од источен Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП