19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиeго Коста заминува во Кина, пронајдена и неговата замена

Диeго Коста заминува во Кина, пронајдена и неговата замена

Diego Costa

Диего Коста по завршувањето на сезоната ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Кина, а според некои медиуми него на „Стенфорд Бриџ“ ќе го замени Алваро Мората.

Шпанското радио Kadena SER објави дека Челзи како обештетување за Диего Коста ќе добие сума од 80 милиони евра, што е двојно повеќе од она што „сините“ пред три години му платија на Атлетико, кога Бразилецот со шпански пасош пристигна во Лондон.

Исто така се наведува дека Диего Коста кој има 28 години во Кина ќе има годишна плата од 30 милиони евра.

Истовремено медиумите шпекулираат дека него во тимот ќе го наследи Алваро Мората, кој соработуваше една сезона со Антонио Конте во Јувентус. Мората не е во преден план кај тренерот Зинедин Зидан поради што побарал да замине од тимот по завршувањето на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП