6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдињо се враќа во Барселона

Роналдињо се враќа во Барселона

Ronaldinho_getty33

Легендарниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Роналдињо, се врати на „Ноу Камп“ и ќе биде амбасадор на каталонскиот клуб.

Роналдињо за Барселона има одиграно преку 200 натпревари, а неговата улога како aмбасадор на клубот ќе биде да ги промовира проектите на клубот низ целиот свет.

„Роналдињо ќе биде амбасадор и преставник на клубот на различни манифестации и активности поврзани со клубот во наредните години“, објави клубот на својата интернет страница.

Бразилецот, во новата улога на медиумите ќе им биде преставен в петок на прес конференција, кога тој ќе се обрати на јавноста и навивачите.

Роналдињо од ПСЖ пристигна во Барселона чии дрес го носеше пет години, а со клубот освои меѓудругите две титули во Примера и една во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП