26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриото на Голден Стејт продолжува со одлична игра, Харден не го спаси...

Триото на Голден Стејт продолжува со одлична игра, Харден не го спаси Хјустон

n-gs33

Екипата на Голден Стејт уште еднаш ја истакнаа кандидатурата за НБА титулата и го потврдија неверојатниот напаѓачки капацитет, со победата во дербито против Клиперс во Лос Анџелес. Голден Стејт победи 133:120 и стигна до скор 43 победи и седум порази.

Седми пат сезонава кошаркарите на Голден Стејт на натпревар постигнаа најмалку 133 поени со што уште еднаш покажаа дека напаѓачки се најмоќниот тим во лигата. Клиперси се обидуваа да го следат ритамот на противникот, но успеаа да изборат само чесен пораз.

Триот Кари-Дурент-Томпсон одигра уште еден мач на кој секој од нив постигна најмалку 20 поени. Кари и Дурент имаа двоен ефект, првиот 29 поени и 11 асистенции, а вториот 26 поени и 10 скокови, а Томпсон постигна 21 кош.

Крис Пол, кој по повредата се врати во тимот на ЛА Клиперс беше најефикасен на тпреварот со 31 поен, десет помалку постигна Крофорд.

Сан Антонио рутински ја совлада Филаделфија 102:86. Спарси на Филаделфија во второто полувреме и дозволија да постигне само 33 поени. Кавај Ленард со 19 поени го предводеше Сан Антонио, додека кај гостите Турчинот Иљасова имаше учинок од 25 поени и 10 скокови.

Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ, на овој меч го израмни НБА рекордот според бројот на победи со една франшиза. Поповиќ го израмни бројот на победи кој го постави Џери Слоун од Јута и изнесува 1.127 победи на кормилото на еден тим.

Атланта доминираше во Хјустон и славеше кај еден од најдобрите тимови во лигата 113:108. Кошаркарите на Атланта во последната четвртина го декласираа противникот со 40:22.

Блескаше Тим Хардавеј јуниор со 33 поени, а маестрален беше и поранешниот играч на Хјустон Двајт Хауард со 24 поени и 23 скокови. На Хјустон не му помогна ниту Џејмс Харден кој имаше учинок од 41 поен и по 8 скокови и асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП