22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот по втор пат загуби од Фенер

Шампионот по втор пат загуби од Фенер

fener pero3

Фенербахче втор пат во сезоната славеше над ЦСКА, Бамберг го победи Макаби, Жалгирис славеше против Барселона, Олимпијакос лесно се справи со Уникс во Казањ, а Армани Милано направи еден од најголемите пресврти во историјата на Евролигата и ја совлада Дарушафака, во првите натпревари од 21.коло.

Дербито на колото во Истанбул го одиграа Фенербахче и ЦСКА Москва, а заврши со победа на турскиот шампион 77:71. Фенербахче во двата евролигашки дуели успеа да го победи европскиот првак, кој во Истанбул ја немаше помошта на својот најдобар игра Милош Теодосиќ.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ го одигра својот најдобар меч сезонава во Евролигата, на теренот мина речиси 20 минути, а во статистиката запиша 9 поени, 5 скока и една украдена топка. Фенер го предводеа Екпе Удох со 15 поени и 11 скокови, односно Богдан Богдановиќ со 12 поени и 8 асистенции.

Нандо Де Коло со 23 поени беше најефикасниот играч на рускиот шампион, кој го доживеа петтиот пораз на последните осум натпревари.

Луд меч со неверојатн пресврт одиграа Армани Милано и Дарушафака. Италијанскиот првак победи 89:87, иако во 28 минута Дарушафака имаше 25 поени предност (43:68).

Симон и Пасколо со по 15 поени го предводеа Армани, додека кај Дарушафака најефикасен беше Вонамејкер со 19 поени, но Американецот во последните секунди промаши две слободни фрлања.

На другите натпревари Бамберг го победи Макаби 90:75, а со идентичен резултат Олимпијакос, без Спанулис, славеше кај Уникс во Казањ, додека Жалгирис ја запиша третата победа во низа, откако ја совлада Барселона 89:85.

Денес петок ќе се одиграа преостанатите три натпревари: Црвена звезда-Ефес, Басконија-Реал Мадрид и Галатасарај-Панатинаикос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП