3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКамерун избори финале против Египет на Африканскиот куп (видео)

Камерун избори финале против Египет на Африканскиот куп (видео)

3200

Камерун избори финале против Египет на Африканскиот куп, откако во полуфиналето славеше над Гана со 2:0.

Камерунците приредија вистински изненадување во досегашниот тек од Африканскиот куп, бидејќи на шампионатот дојдоа без деветтмина фудбалери кои одбија да играат за репрезентацијата.

Сепак и со таков состав тие изборија финале и тоа преку еден од фаворитите Гана.

Наклонети кон тактичките определби двете репрезентации одиграа неинтересен полуфинален меч, кој Камерунците го решија во последните 13 минути.

Најпрвин Нгаџуи во 72.минута искористи грешка во одбраната на Гана, а потоа во 90.минута Басого рутински реализираше контранапад.

Камерун, во недела ќе се бори за својот петти трофеј, додека Гана и по 34 години остана без титула на Африанскиот куп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП