4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар загуби од Дукла

Вардар загуби од Дукла

вар-дукла

Фудбалерите на Вардар кои се на подготoвки во Анталија, во четвртокот, во контролен натпревар загубија од Дукла 3:2. Вардар го одигра третиот контролен меч во Анталија и го запиша вториот пораз, претходно „црвено црните“ минимално загубија од Стеауа 0:1, а ремизираа 1:1 со Амкар.

Головите на мечот Вардар-Дукла беа постигнати во второто полувреме, најпрвин Глишиќ постигна брилијантен гол во 63.минута, но само две минути подоцна Мустедангиќ израмни на 1:1, а во 69.минута Тетур направи пресврт за водство на чешкиот тим 1:2.

Вардар израмни на 2:2 во 90.минута преку Милошевиќ, но само што тргнаа од центарот играчите на Дуклa постигнаа гол, стрелeц за конечни 2:3 беше Брејча.

Вардар, в петок, ќе одигра уште еден натпревар, а противник ќе му биде сплитски Хајдук. Натпреварот во Анталија ќе започне во 13:30 часот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП