21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Вардар рутински со Нексе

Ракометарите на Вардар рутински со Нексе

vard=nek

Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе 37:29 во натпревар од 16.коло, во регионалната СЕХА лига. На две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната на Вардар му е потребна една победа за да го обезбеди првото место пред завршниот турнир.

Вардар ја оправда фаворитската улога против Нексе, иако во првото полувреме хрватскиот тим целосно беше во натпреварот. По почетното водство на Вардар од 3:0, Нексе израмни и имаше егал до финишот на првиот дел, кој заврши со минимална предност на Вардар 17:16.

Слично се играше и во второто полувреме, а во 36.минута Нексе го имаше единственото водство на натпреварот 20:21, што беше сигнал за вардаровите играчи кои со серија 4:0, се одлепија на 24:21, а потоа и на 29:23 со што практично го решија победникот.

Крилните играчи Чупиќ и Дибиров со осум, односно шест гола го предводеа Вардар до 13-та победа во СЕХА лигата.

Во претпоследното коло Вардар на 5.февруари ќе гостува во Словенија кај тимот на Горење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП