2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛампард заминува во пензија

Лампард заминува во пензија

frenki 000

Легендарниот фудбалер на Челзи, Френк Лампард, соопшти дека ја завршува професионалната кариера.

„Одбив низа интересни понуди од земјата и странство и решив да отворам нова страница во мојата кариера“, напишал 38-годишниот Ламапрд на својот профил на Фејсбук.

Френк Лампард, најголемите успеси ги постигна со Челзи каде што го мина најголемиот дел од својата кариера (2001-2014), која ја започна во Вест Хем Јунајтед, а ја продолжи во Манчестер Сити и Њујорк Сити.

frenki 001

Лампард со 211 голови е најдобриот стрелец во историјата на клубот од „Стенфорд Бриџ“, додека за репрезентацијата на Англија постигнал 29 голови на 106 одиграни натпревари.

Во кариерата, Лампард го има освоено Интертото купот со Вест Хем, а со Челзи освоил 13 трофеи, вклучувајќи ги и оние во Премиерлигата, Лигата на шампионите и Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП