20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман се сели на Олд Трафорд!?

Гризман се сели на Олд Трафорд!?

grizi33

Антоан Гризман го договорил трансферот од Атлетико Мадрид во Манчестер Јунајтед, објави Yahoo, повикувајќи се на извори од „Олд Трафорд“.

Трансферот на најдобриот играч од Европското првенство се најавува веќе неколку месеци, а според шпекулациите Јунајтед на Атлетико ќе му плати помеѓу 75 и 100 милиони евра.

Интерес за Гризман покажува и ПСЖ, но тој често во своите изјави потенцира дека сака да игра во ист клуб со репрезентативниот колега Пол Погба.

Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок не донесе ниту еден нов фудбалер, а менаџерот Мурињо ги продаде Морган Шнајдерлин и Мемфис Депај за речиси 50 милиони евра, кои веројатно ќе ги искористи за трансферот на Гризман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП