20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Кари 11 тројки, Томас 44 поени

НБА: Кари 11 тројки, Томас 44 поени

GS-Curry-696x464

Стеф Кари од Голден Стејт, Ајзеа Томас од Бостон, Кентавијус Колдвел-Поуп од Детроит и Ерик Бледсо од Феникс блескаа изминатата ноќ во НБА лигата, која донесе продолжување на победничката серија во која се наоѓаат кошаркарите на Мајами.

Кошаркарите на Голден Стејт, иако резултатот не го покажува тоа, лесно го совладаа Шарлот 116:111. Блескаше Стеф Кари со 39 поени, а одлично го следеше Клеј Томпсон со 29 поени. Кари имаше неверојатна реализиција за тројка, тој погоди 11 поени од 15 обиди.

Чикаго ја декласира Оклахома со 128:100. Џими Батлер кај Чикаго и Расел Вестбрук кај Оклахома постигнаа по 28 поени.

Њујорк славеше во дуелот со Бруклин 95:90, Индијана на Флорида го надигра Орландо 98:88, а Далас ја запиша третата победа во низа, откако славеше против Филаделфија 113:95.

Мајами ја порази Атланта 116:93 и ja забележа деветтата победа во низа. Горан Драгиќ со 28 поени го предводеше Мајами, додека Хасан Вајтсајд имаше двоен ефект од 18 поени и исто толку скокови.

Бостон, во дербито на Истокот, славеше над Торонто 109:104, а мечот го обележа Ајзеа Томаc со 44 поени, 19 од нив бекот на Бостон постигна во последната четвртина, која Селтикс ја добија со 32:19.

ЛА Клиперс забележаа триумф во дуелот со Феникс 124:114. Блејк Грифин ги предводеше Клиперси со 29 поени, додека кај Феникс најефикасен беше Ерик Бледсо со 41 поен.

Кливленд ја растури Минесота со 125:97, а тимот го предводеше Леброн Џејмс со 27 поени, 12 асистенции и 8 скокови, додека Кајри Ирвинг имаше 14 поени и асистенции.

Кентавијус Колдвел-Поуп уфрли 38 поени во триумфот на Детроит над Њу Орлеанс од 118:98, додека Мемфис славеше во Денвер 119:99.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП