26 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.02.2017

Дневен хороскоп 02.02.2017

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Максимално сте се активирале на деловен план. Во текот на денешниот ден се ќе зависи од вашите одлуки. Во љубовта сте многу емотивни и страствени. Ве очекува интересен ден.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Под голем притисок сте и не сте сигурни дали ќе можете да го спроведете во дело сето она што сте го испланирале. На слободните ќе им се допадне една многу темпераментна личност. Оние во брак и врска ќе бидат во хармонија.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате многу креативни идеи и можете да очекувате поволен деловен ден. Можна е помош од страна на еден Овен. Вашиот социјален живот е многу богат, вие на вашите пријатели сте им омилена личност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да се надевате на унапредување и позитивни деловни промени. Аспектите укажуваат на важни случувања. Ве очекува интересна средба со личност која ја сакате. Ќе имате возбудлива комуникација.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Пред вас се среќни околности кои можете да ги искористите за својата работа. Можете да се надевате и на некои убави вести. Ви се допаѓа личност родена во знакот на Стрелец.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Периодот е поволен за оние кои се занимаваат со економија. Аспектите ви се одлични за маневрирање со луѓето. Ве обзема некое чувство на љубомора кое не умеете да го контролирате на вистинскиот начин.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можете да очекувате многу поволен ден доколку сте планирале некоја деловна презентација. Ќе бидете одлично сфатени. Односот со саканото лице е многу променлив, направете нешто.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред вас е напорен ден во кој ќе бидете многу зафатени. Можете да очекувате позитивни деловни резултати. На љубовното поле без промени.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Поволен ден за да остварите голем дел од своите планови. Можно е да ви остане многу слободно време, па искористете го квалитетно. Доколку сте слободни некое ново познанство ќе ви го растрепери срцето.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку сте планирале да започнете да се занимавате со работа поврзана за недвижнини, денешниот ден е поволен за тоа. Не сте сосема сигурни што чувствувате за партнерот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во комуникацијата со деловното опкружување сте многу остри и директни. Можете да очекувате напната ситуација. Поволен ден за нови познанства.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Масимално сте им посветени на случувањата на полето на финансиите. Можни се бурни промени на овој план. Сакате сигурност, но и возбуда, а во моментов не можете да го имате и едното и другото.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП