Фудбалерите на Рома се пласираа во полуфиналето на италијанскиот Куп, откако во четвртфиналниот меч потешко од прогнозите ја совладаа Чезена со 2:1.
Рома се мачеше против второлигашот Чезена, а до победата стигна со гол од пенал во седмата минута од судиското надополнување на времето во второто полувреме. Рома во финишот доби пенал кој ветранот Тото го претвори во гол за победа и пласман во полуфиналето.
Претходно Џеко постигна гол за Рома во 68.минута, а пет минути подоцна израмни Гаритано.
Рома во полуфиналето ќе игра против градcкиот ривал Лацио, додека втората полуфинална двојка ја формираа Наполи и Јувентус.
Полуфиналните средби ќе се играат на 1.март, односно 5.април.