21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити убедлив, огромен кикс на Јунајтед

Сити убедлив, огромен кикс на Јунајтед

18346214058925e41d781b005027370_w640

Манчестер Јунајтед не успеа да го совлада Хал, Манчестер Сити го декласира Вест Хем во Лондон, а Стоук и Евертон освоија по еден бод во последните три средби од 23.коло во Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед загуби два важни бода, а Хал освои значаен бод во борбата за опстанок, во меѓусебниот дуел на овие два тима кој заврши 0:0. Блескаше голманот на Хал Јакуповиќ кој одбрани неколку тешки топки.

За разлика од Јунајтед, Манчестер Сити го декласира Вест Хем со 4:0. Сити, во Лондон, постигна три гола во првото полувреме (Др Брујне, Давид Силва, Габриел Жесус), а победата ја заклучи Јаја Туре од пенал во второто полувреме.

Стоук и Евертон ремизираа 1:1. Питер Крауч го постигна водечкиот гол на мечот, за него ова беше јубилеен 100-ти гол во Премиерлигата. Бод на Евертон му донесе Шуокрос со авто гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП