4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го совлада Атлетико и е на чекор од финалето на Купот...

Барса го совлада Атлетико и е на чекор од финалето на Купот (видео)

160097716958925862163ed426602428_w640

Фудбалерите на Барселона се на чекор од пласманот во финалето на Купот на Кралот, откако во првиот полуфинален меч го совладаа Атлетико во Мадрид со 2:1.

Барселона целосно го надигра Атлетико во првото полувреме, кога ја стекна предноста од 2:0. Првите 45 минути, веројатно беа најлошите кои ги има одиграно Атлетико во ерата на Диего Симеоне.

Резултатот го отвори Луис Суарез, кога од половина терен се стрча кон голот на Атлетико, со дриблинг се ослободи од Савиќ и Годин и го совлада Моја.

На 2:0 зголеми Меси во 33. минута со брилијантен удар од 20-ина метри.

Атлетико доминираше во почетните 20 минути од вториот дел, кога Гризман успеа да намали на 1:2 во 59. минута. Истиот играч имаше „мртва шанса“ три минути подоцна, но од непосредна близина биеше во Силесен.

До крајот Атлетико не реализира уште неколку серозни шанси, додека Барселона имаше можност преку Меси, но неговиот слободен удар го одбрани Моја.

Реваншот по кој ќе биде познат финалистот ќе се одигра идниот вторник во Барселона, Во четврток својот прв полуфинален натпревар ќе го одиграат Алавес и Селта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП