3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола ги брка Робен и Гомез

Гвардиола ги брка Робен и Гомез

robben_gomez-1322929564

Пеп Гвардиола кој ќе го превземе Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, веќе почна да го дава својот удел во екипата. На шпанскиот стратег не му се по вкус Ариен Робен и Марио Гомез и поради тоа тој сака да бидат продадени, тврди „Дејли Мејл“ кој информациите ги пренесува како ексклузивни.

За Робен и Гомез ќе има многу заинтересирани, но веројатно не баш за истата цена по која Баерн ги купи. Кога доаѓаше од Штутгарт во најтрофејниот германски клуб, Гомез беше платен помеѓу 30 и 35 милиони евра со што тогаш беше поставен рекорд во Бундеслигата.

Робен од друга страна неодамна изјавуваше дека не е задоволен од минутажата, па неговото заминување нема да биде изненадување.

Се проценува дека и двајцата би можеле да завршат на Островот, а се очекува Гомез да премине во Челзи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП