23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Коло не заминува од ЦСКА Москва

Де Коло не заминува од ЦСКА Москва

nando-de-colo333

Најдобриот играч во Евролигата, во минатата сезона, Нандо де Коло, ги демантира пишувањата на шпанските медиуми дека ќе се пресели во Барселона.

Де Коло, минатата сезона ја предводеше екипата на ЦСКА Москва до титулата во Евролигата со 19,4 поени, 5 асистенции и 3,6 скокови по натпревар. Оваа сезона, поради повреда пропушти неколку натпревари поради повреда, но и понатаму е клучниот играч на ЦСКА заедно со Милош Теодосиќ.

Минатото лето, францускиот репрезенттаивец го продолжи договорот со клубот на дополнителни три години.

Изминативе денови шпанските медиуми шпекулираа дека тој ја напушти Москва и ќе се пресели во Барселона, екипа која сезонава има огромни проблеми со повредени играчи и која игра далеку под реномето.

Ваквите наводи на шпнските новинари Де Kоло ги демантираше преку социјалната мрежа Твитер.

„И покрај тоа што овде ние „малку“ ладно, мене ми се допаѓа животот во Москва. Но ви благодарам што се грижите за мене“, напишал Французинот.

Де Коло кариерата ја започна во Шоле, три години играшеза Валенсија, а во НБА лигата беше дел од тимовите на Сан Антонио и Торонто. Со репрезентацијата на Франција во 2013 година ја освои европската титула, на шампионатот кој се одржа во Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП