20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW го откри караванот Series 5 (фото+видео)

BMW го откри караванот Series 5 (фото+видео)

tour petka 00

Компанијата „BMW“ ја откри официјално новата генерација на моделот „Series 5 Touring“, кој официјално ќе дебитира пред публиката за време на автомобилскиот саем во Женева на крајот на месецот.

Технички возилото не се разликува од стандардната „петка“. Ова се однесува и за поголемиот дел од дизајнот. Од баварскиот производител признаваат дека моделот е наменет најмногу кон пазарите во Европа, каде „BMW Series 5 Touring“ се стекна со успеси во последните 25 години.

tour petka 03

tour petka 05

tour petka 06

Една од големите предности на караванот е ниската тежина. Новата генерација е полесна од својот претходник, кој со оптимизирана аеродинамика и новите енергетски агрегати овозможи намалување на штетните гасови за 11%.

tour petka 01

Волуменот на багажникот е зголемен до 570 литри, што е за 10 литри повеќе од досега. Така со навалување на задните седишта волуменот на товарниот простор е зголемен до 1.700 литри. Покрај тоа новиот модел е поиздржлив, а ќе може да носи до 730 килограми оптоварување што е со 120 кг повеќе од досега.

tour petka 02

За моделот се предвидени бензински и дизел верзии. Модификацијата „BMW 530i Touring“ е опремена со 2.0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри кој развива 245 КС и 350 Нм. Помоќниот „540i xDrive“ за возврат доби 6-цилиндричен мотор со 335 КС (450 Нм), комбиниран со систем за погон на сите четири тркала.

Дизелот „BMW 520d Touring“ се потпира на 2.0-литарски мотор со 190 КС и 400 Нм, а во стандардната варијанта тој работи со 6-брзински мануелен менувач. Автоматскиот е со 8 брзини е изборен. Караванот „530d“ е со 3.0-литарски дизел кој развива 265 КС и 520 Нм, а кај него 8-степениот автоматски менувач влегува во опремата, а системот „xDrive“ е опција.

tour petka 04

Ентериерот на караванот речиси во целосно се повторува со тој на седанот. Системите за безбедност и електронските асистенти на возачот исто се исти, вклучувајќи ги и системите за автономно движење и можноста за паркирање без возачот да се наоѓа во возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП