20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално: Еве ја новата BMW Series 5 (фото+видео)

Официјално: Еве ја новата BMW Series 5 (фото+видео)

petkata-00

Компанијата „BMW“ официјално ја претстави новата генерација на седанот „Series 5“. Уште во основната опрема моделот добил „LED“ фарови, мултимедијален систем со управување со гестови, „акустична“ капсула за моторот и менувачот, а исто така и нова задна суспензија и систем за далечинско паркирање, при што возачот не треба да биде во автомобилот.

petkata-01

Димензиите на седанот се должина од 4935 мм, ширина од 1868 мм, висина од 1466 мм и растојание помеѓу двете оски од 2975 мм. Во споредба со својот претходник возилото е за 36 мм подолг, за 2 мм повисок и за 6 мм поширок. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 8 мм.

petkata-02

Во конструкцијата на новата „петка“ се користат алуминиум, челик и карбон што дозволило да се намалат 100 килограми од тежината, додека каросеријата стана поцврста. Коефициентот на аеродинамичниот отпор е намален за 10% и достигна 0,22, што според „BMW“ е најдобро достигнување во сегментот.

Потпирањето на седанот е променето, така што е вклучен нов активен систем за надоместување. Таа се управува по електронски пат, а за разлика од претходната „Series 5“ стабилизаторите не се хидраулични, а туку се опремени со електрични мотори.

Во прво време моделот ќе добие 4 агрегати. Тоа се 2,0-литарски бензинец со 4 цилиндри кој развива 252 КС (верзијата „530i“), 3,0-литарски бензинец со 6 цилиндри кој развива 340 КС („540i“), 2,0-литарски дизел со 4 цилиндри и 190 КС („520d“) и 3,0-литарски дизел со 6 цилиндри и 265 КС („530d“).

petkata-05

Сите мотори со исклучок на послабата дизелска верзија, за која е предвиден 6-брзински мануелен менувач, работат со 8-степена автоматска трансмисија. Системот „xDrive“ ќе биде достапен за сите модификации.

petkata-06

Седанот е опремен и со технологијата „SYNTAK“ (Synergie – Thermoakustik-Kapsel), која ја намалува бучавата од моторот, ја чува топлината и ја намалува потрошувачката на гориво. Таа претставува капсула околу моторот, која е направен од лесен изолациски материјал.

Новата „петка“ ќе го добие истиот мултимедијален комплекс, кој се појави и кај новата генерација на „Series 7“. Тој може да се управува со помош на гестови или со гласовни команди. Постои и нов проекциски дисплеј кој е за 70% поголем од претходниот. Има уште безжичен полнач за смартфон, систем за климатизација со јонизација и ароматизација на воздухот, аудио „Bowers & Wilkins“ со 1400 вати, седишта со функција за масажа, активен крус-контрол кој работи со брзина од 120 километри со можност за „читање“ на знаците. Седанот располага и со систем за автоматско преминување од една лента во друга.

petkata-03

Автомобилот исто така ќе може да се паркира без учество на возачот кој ќе го следи маневарот на екранот на својот смартфон. Моделот исто така е опремен со систем со кој може да разменува информации со други автомобили, како и со можност за примање на електронска пошта и на SMS-и на смартфонот на возачот.

petkata-04

Продажбата на новата „BMW Series 5“ стартува на 11-ти февруари 2017-та година, а уште во март ќе се нуди хибридна модификација, како и моќната верзија „M550i“ со 8-цилиндричен мотор со 462 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП