Сан Антонио славеше во дуелот со Оклахома, во дербито во НБА лигата. На другите натпревари победи забележаа Торонто, Вашингтон, Хјустон, ЛА Лејкерс.
Сан Антонио, екипата која го има вториот најдобар резултат во Западната конференција, ја совлада Оклахома 108:94. Првата четвртина која Спарси ја добија со 31:14 го одреди понатамошниот тек на натпреварот и конечниот победник, иако Оклахома на почетокот од третиот период со серија од 11 кошеви за момент го презеде водството 70:71.
Кавај Ленард блескаше во редовите на победникот со 36 поени и 8 скокови, а според учинокот го следеше Ламаркус Олдриџ со 25 поени. вообичаено Оклахома ја предводеше Расел Вестбрук, тој мечот го заврши со 27 поени, 11 асистенции и 6 скокови.
Возбудлив меч одиграа Торонто и Њу Орлеанс, а по едно продолжение домаќинот победи 108:106. Кајл Лаури постигна 33 поени, вклучувајќи ги и последните два кои го решија победникот, додека кај Њу Орлеанс се истакна Џру холидеј со 30 поени.
Бредли Бил постигна 28 поени во победата на Вашингтон над Њујорк 117:101, додека Хјустон предводен од рајан Андерсон (25 поени) славеше во дуелот со Сакраменто 105:83.
Лејкерси, само поради одличната игра во третата четвртина (27:17) на крајот го совладаа Денвер 120:116. Ник Јанг постигна 23 поени, а ДиАнџело расел имаше 22 поени и 10 скокови за Лејкерси, додека најдобар кај Денвер беше Вилсон Чендлер со 26 поени.