15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСаутемптон се засили со Габијадини

Саутемптон се засили со Габијадини

gabijadini335

Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини во финишот на преодниот рок од Наполи се пресели во Саутемптон.

Повремениот италијански репрезентативец, Габијадини, незадоволен од третманот во Наполи, реши да ја прифати понудата на Саутемптон и да се пресели во Премиерлигата.

Напаѓачот кој сезонава постигна пет голови на 19 натпревари во тимот на Наполи, за сума од 16 милиони евра замина во Саутемптон.

25-годишниот фудбалер во кариерата играл во Аталанта, Цитадела, Болоња и Сампдорија, а има одиграно и шест натпревари за репрезентацијата на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП