4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо девет години во Челзи, Ивановиќ замина во Зенит

По девет години во Челзи, Ивановиќ замина во Зенит

LONDON, ENGLAND - AUGUST 02: Branislav Ivanovic of Chelsea looks on during the FA Community Shield match between Chelsea and Arsenal at Wembley Stadium on August 2, 2015 in London, England. (Photo by Michael Regan - The FA/The FA via Getty Images)

Бранислав Ивановиќ по девет години го напушти Челзи и кариерата ја продолжува во руската Премиерлига, во дресот на Зенит.

Капитенот на српската репрезентација, Ивановиќ, договори три и пол годишна соработка со Зенит, а иако финансиските детали не се соопштени, според шпекулациите тој годишно ќе заработува пет милиони фунти.

Челзи му дозоволи на Ивановиќ како слобиден играч да се врати во Русија, иако со лондонскиот клуб имаше договор за уште шест месеци.

Дефанзивецот остави длабока трага во Челзи, одигра 376 натпревари (261 во Премиерлигата), а постигнал 34 гола.

Со Челзи освои една титула во Лигата на шампионите, Лига Европа и Лига купот, два во Премиерлигата и три во ФА купот.

Минатиот викенд Ивановиќ го одигра својот последен меч за Челзи, во ФА купот против Брендфорд и беше стрелец на еден од четири гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП