5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул и Челзи одиграа без победник, Арсенал поразен од Вотфорд (видео)

Ливерпул и Челзи одиграа без победник, Арсенал поразен од Вотфорд (видео)

18548429375891083176ac2922473220_w640

Ливерпул и Челзи ремизираа 1:1 во дерби мечот одигран во рамките на 23.коло, во Премиерлигата. Сензацијата во ова коло ја направи Вотфорд кој успеа да слави во Лондон, кај Арсенал. Кикс направи и Тотенхем со ремито 0:0 во Сандерленд.

Челзи, во вторникот, можеше да го направи клучниот чекор во шампионската трка, но Диего Коста не успеа да реалзиира пенал, кој сам го избори, во 76.минута. Сепак и покрај нерешениот резултат во Ливерпул (1:1), Челзи има комотна предност на врвот, бидејќи конкурентите Тотенхем и Арсенал не победија во 23.коло.

Дербито на „Енфилд“ не донесе премногу квалитетен фудбал, но донесе многу борба и трчање, односно она што може да се очекува од екипите кои ги предводат Јирген Клоп и Антонио Конте.

Ливерпул, според очекувањата, беше тимот кој повеќе ја имаше топката, но и покрај поголемиот посед „црвените“ тешкко го пробиваа дефанзивниот блок на Челзи.

Во првите 20 минути само Вајналдум успеа да се закани, но неговиот удар од 20-тина метри Куротоа го одбрани.

Челзи тешко се справуваше со високиот пресинг на Ливерпул, не успевајќи да воспостави игра, а напаѓачите Азар и Диего Коста беа целосно отсечени од остатокот на тимот.

Во таква ситуација „сините“ го шокираа „Енфилд“ во 25.минута. Челзи доби слободен удар на 25 метри од голот на Мињоле, сите очекуваа шентаршут на Вилијан, но ударот го упати Давид Луиз и го изненади белгискиот голман.

Првата можност за израмнување Ливерпул ја имаше во 49.минута кога Фирмино беше во „мртва шанса“, сам пред Мињоле, но неговиот удар заврши високо над голот.

Две минути подоцна Мозес не успеа да ја зголеми предноста на Челзи, неговиот удар заврши во дирекот.

Израмнувањето стигна во 60.минута, кога по еден карамбол пред голот на Куртоа топката стигна до Вајналдум кој ја смести во голот.

Влегувањето во игра на Педро, а потоа и Фабрегас ја стабилизира играта на Челзи, но никој немаше конкретна шанса за гол.

На 15 минути до крајот Диего Коста успеа да се ослободи од Ловрен тргна кон голот на Мињоле, кога го собори Матип. Шпанецот ја презеде одговорноста, но лошо го изведе пеналот, Мињоле го одбрани неговиот удар.

До карјот на мечот Фирмино имаше можност, но неговиот удар со глава заврши во Куртоа, додека на спротивната страна ударот на Педро заврши крај голот.

Резултатот 1:1 му одговара на Челзи бидејќи сега има девет бодови повеќе од Тотенхем и Арсенал, а десет од Ливерпул.

Изненадувањето на колото го направи Вотфорд со триумфот над Арсенал 2:1 во Лондон. Кабул и Дини во првите 14 минути му донесоа недостижна предност на тимот кој го тренира Валтер Мацари. Голот за Арсенал го постигна Ивоби.

Киксираше и Тотенхем кој во Сандерленд одигра 0:0 против домаќинот.

Кристал Палас ја прекина серијата од четири порази со победата од 2:0 кај Борнмут, Мидлзброу и ВБА одиграа 1:1, Свонси освои важни бодови во борбата за опстаноик со победата над Саутемптон од 2:1, додека актуелниот првак Лестер до крајот на сезоната го очекува тешка борба за опстанок во лигата.

Лестер загуби кај Барнли 1:0, а единствениот гол го постигна Сем Воукс во 87.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП