18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио преку Интер до полуфинале

Лацио преку Интер до полуфинале

32415300458910679de3a5977126867_w640

Лацио е третиот тим по Јувентус и Милан кој избори пласман во полуфиналето на италијанскиот Куп. Римскиот клуб, во вторникот, славеше на „Џузепе Меаца“ против Интер со 2:1.

Лацио против својот поранешен тренер Стефано Пиоли, кој седи на клупата на Интер, до победата стигна со головите на Фелипе Андерсон во 20-та и Лукас Биља од пенал во 56-та минута.

Интер, во втората минута од судиското надополување на времето во второто полувреме, со голот на Марсело Брозовиќ само успеа да го ублажи поразот.

Двата тима мечот го завршија со играч помалку, Миранда кај Интер доби црвен картон поради пеналот кој го направи во 56.минута, додека кај Лацио во финишот беше исклучен Раду.

Во полуфиналето можно е римско дерби, доколку Рома во среда ја победи Чезена, додека во второто полуфинале ќе играат Јувентус и Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП