2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМКФ и клубовите најдоа компромис

МКФ и клубовите најдоа компромис

pece-naumovski-696x512 (1)

Успешно заврши состанокот на претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски и претседателите на клубовите. „Завојуваните“ страни најдоа компромис, односно начин на кој клубовите кои не ги имаат подмирено финансиските обврски кон МКФ, да ги исплатат долговите.

МКФ, во вторникот, експресно реагираше, откако прволигашите ден претходно се заканија дека нема да го продолжат првенството.

Првиот човек на Мак баскетот, Наумовски, и претседателите на клубовите, најдоа компромисно решение кое ги задоволува двете страни.

Струмица, која го има подмирено најголемиот дел од долгот, доби рок до почетокот на Суперлигата да ги измири обврските кон МКФ.

Кожув и Куманово сумата која ја должат треба да ја уплатат до почетокот на наредното коло, а доколку клубовите не го сторат тоа, последен рок да го подмират долгот е стартот на Суперлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП