6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛас Палмас ја совлада Валенсија (видео)

Лас Палмас ја совлада Валенсија (видео)

las-palmas

Лас Палмас ја совлада Валенсија со 3:1 во последниот натпревар од 20.коло во шпанската Примера.

Фудбалерите на лас Палмас со пресврт стигнаа до победата во дуелот со Валенсија, откако гостите водеа со голот на Санти Мина во 21.минута. До крајот на полувремето Хонатан Вијера успеа да израмни, а во вториот дел по исклучувањето на Мунир Ел Хадади, Лас Палмас го комплетираше пресвртот.

Најпрвин Маурисио Лемос во 58.минута, седум минути по исклучувањето на Мунир, го постигна голот за 2:1, а три минути подоцна Кевин-Принс Боатенг го постави конечниот резултат.

Лас Палмас со новите три бода се искачи на 11-та позиција со 28 бодови, додека Валенсија ја прекина серијата од две победи и остана на 15-то место со 19 бодови.

Во наредното коло Лас Палмес ќе гостува кај гранада, додека Валенсија ќе го пречека Еибар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП