15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда го совлада Морнар

Црвена звезда го совлада Морнар

1128863512588f809506823080302828_w640

Кошаркарите на Црвена звезда со многу проблеми ја продолжија победничката низа во АБА лигата. Во последниот натпревар од 20.коло, Црвена звезда го совлада Морнар 82:71.

Регионалниот шампион кој во изминатиов месец игра во неверојатна форма, го стигна заморот од напорните натпревари во Евролигата и без повредените Кузмиќ, Дангубиќ и Јовиќ имаше многу проблеми со Морнар, чии кошаркари одлично шутираа за три поени во првото полувреме.

Морнар во првата четвртина имаше предност од 14:29, а полувремето го заврши со 36:43. Ритамот Морнар го задржа и на почетокот на второто полувреме, а на почетокот од 25 минута предноста на гостите изнесуваше 38:52.

Тогаш Црвена звезда влезе во ритам, со серија 12:0 целосно се врати во мечот, а во последната секунда АБА шампионот го имаше првото водство на мечот 59:58.

Во последната четвртина искуството и добрата игра во одбраната, но и неколкуте неконтролирани лични грешки на играчите на Морнар ја однесоа Црвена звезда на двоцифрена предност, од која противникот не успеа да се врати.

Црвена звезда има 20 победи во исто толку натпревари во АБА лигата и го израмни својот рекорд во регионалната лига.

Симоновиќ, со лоша реализиација во ударите за три поени (2/8) беше најефикасен со 15 поени, Џенкинс и Лазиќ постигнаа по 12, Томпсон уфрли 11, а Гудуриќ и Волтерс завршија со по осум поени.

Кај Морнар најпрецизни беа Волерс со 15, односно Павиќ и Тејтум со по 10 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП