19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално Бабунски е нов член на Јокохама

Официјално Бабунски е нов член на Јокохама

babun399

Доскорешниот фудбалер на Црвена звезда и македонски репрезентативец, Давид Бабунски, официјално е член на јапонскиот второлигаш Јокохама.

„Од моментот кога дознав дека Јокохама е заинтересирана за моите услуги веднаш започнав да учам јапонски. Среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб и што ќе имам можност да го запознаaм јапонскиот фудбал“, рекол Бабунски.

Репрезентативецот на Македонија само една година беше член на Црвена звезда, а реши да замине бидејќи не доби вистинска шанса кај тренерот Миодраг Божовиќ.

Бабунски во помладите категории беше дел од прочуената школа на Барселона „Ла Масија“, а од Б тимот на Барселона пристигна во Црвена звезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП