18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Карпош Соколи направи сефте на гостински терен

АБА: Карпош Соколи направи сефте на гостински терен

sefte33

Кошаркарите на Карпош Соколи ја забележаа историската прва победа во регионалната АБА лига. „Соколите“, во 20.коло, славеа во Љубљана над Олимпија со 92-97 (24-23, 18-28, 29-23, 21-23).

Кошаркарите на Карпош Соколи го добија натпреварот во неизвесна завршница, иако во 24.минута имаа предност од 14 поени. На крајот пресуди извонредниот шут за три поени, Карпош Соколи реализира 14 тројки од 28 обиди и поголемиот број на украдени топки 11, наспроти шест на Олимпија. Олимпија во игра ја одржа Оливер, кој одигра неверојатно второ полувреме, во кое постигна 25 од своите 30 поени.

Скопскиот тим на оваа средба имаше шестмина играчи со двоцифрен број на поени: Бркиќ 15, Лабовиќ 14, Пери и и Зековиќ по 13, Трајковски 12 и Мавра 10.

Карпош Соколи има скор од осум победи и 12 порази и со ФМП го дели осмото место, додека Олимпија има една победа повеќе. Во наредното коло Карпош Соколи ќе го пречека тимот на ФМП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП