9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски стрелец за Палермо во ремито со Наполи (видео)

Несторовски стрелец за Палермо во ремито со Наполи (видео)

nestor333

Лошо издание на фаворитите, со исклучок на Јувентус и Интер, во 22.коло во Серија А. Милан и Рома ги загубија гостувањата кај Удинезе односно Сампдорија, а Наполи одигра нерешено со Палермо. Голот за Палермо го постигна македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Палермо успеа да остане непоразен во Неапол и да го освои 11-от бод во првенството. Новиот тренер на сицилијанците, Луис Лопез, во стартната постава ги стави двајцата Македонци, Александар Трајковски и Илија Несторовски и успеа да остане непоразен против Наполи.

Палермо го шокира Наполи по само шест минути игра кога по центаршутот на Пецела, Несторовски го совлада Реина. Македонскиот репрезентативец го постигна осмиот гол во Серија А. Наполи потоа доминираше и не реализираше чисти шанси, а голманот Посавец имаше неколку добри интервенции.

Наполи израмни во 65.минута кога одличниот голман Посавец, направи неверојатен кикс по ударот на Мертенс. До крајот Наполи имаше уште три добри шанси, а Инсиње во 92.минута не го погоди празниот гол.

Трајковски на овој меч одигра 60 минути, додека Несторовски играше до 92.минута.

Резултати, 22.коло:

Удинезе-Милан 2:1

Сасуоло-Јувентус 0:2

Сампдорија-Рома 3:2

Фиорентина-Џенова 3:3

Каљари-Болоња 1:1

Кротоне-Емполи 4:1

Торино-Аталанта 1:1

Лацио-Киево 0:1

Интер-Пескара 3:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП