29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Федерер се врати во Топ 10, Марej останува прв

АТП: Федерер се врати во Топ 10, Марej останува прв

marej 333

Енди Мареј ја зголеми предноста на челната позиција на АТП листата во однос на Новак Ѓоковиќ по завршениот Аустралијан Опен, иако двајцата испаднаа во раната фаза на турнирот. Роџер Федерер кој победи во Мелбурн се врати во Топ 10 на АТП листата.

Енди Мареј започна уште една недела на челната позиција на АТП листата, тој во однос на вторпласираниот Новак Ѓоковиќ има 1.175 бодови повеќе.

По Аустралијан Опен се случија уште некои промени меѓу најдобрите десет во светот. Стан Вавринка се врати на третото место, Милош Раониќ е сега чеврти, а Рафаел Надал напредуваше од деветтата на шестата позиција.

АТП, Топ 10:

1. Енди Мареј (Велика Британија) 11.540

2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.825

3. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.695

4. Милош Раониќ (Канада) 4.930

5. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.830

6. Рафаел Надал (Шпанија) 4.385

7. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.560

8. Доминик Тим (Австрија) 3.505

9. Гаел Монфилс (Франција) 3.445

10. Роџер Федерер (Швајцарија) 3.260.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП