12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките на Вардар со победа во Подгорица

Ракометарките на Вардар со победа во Подгорица

zrk-vardar-1-696x463

Ракометарките на Вардар со победа во Подгорица стартуваа во главаната фаза во Лигата на шампионките. Во рамките на Група 1, Вардар ја совлада Будуќност со 31:28. Претходно во оваа група Мец загуби од ФТЦ 25:28, а Турингер ја совлада Астрахоначка 34:22.

Вардарки во Подгорица одиграа одлично во првите и последните десет минути, додека во останатиот од натпреварот осцилираа, но сепак победија со што направија голем чекор кон освојување на првото место во Групата 1. Вардарки, исто така, го скршија малерот и по три години победија во Подгорица.

Двете Андреи, Лекиќ и Пенезиќ, помогнати од Херем, во првите десет минути го диктираа ритамот и го однесоа Вардар на 10:5.

Будуќност се врати по тајм аутот на Драган Аџиќ со серија од четири гола, а потоа и го презеде водството, а на полувреме резултатот беше израмнет 16:16.

Домашните ракометарки подобро влегоа во вториот дел, создадоа предност од три гола, но Вардар не му дозволи на противникот да направи поголема разлика. Неколку пати Вардарки се враќаа од негативата од три гола, а завршниот удар го зададоа во последните седум минути, за конечни 31:28.

Пенезиќ постигна осум, Лекиќ седум, а Лакрабер пет гола, додека Будуќност ја предводеше Неагу о десет голови.

Во наредното коло, на 4.февруари, Вардар ќе ја пречека екипата на Мец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП