3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарабатиќ МВП на Мундијалот, тројца Норвежани во идеалниот тим

Карабатиќ МВП на Мундијалот, тројца Норвежани во идеалниот тим

all-star-team-696x696

Никола Карабатиќ е прогласен за накорисен играч на 25-то Светско првенство во ракомет, кое во неделата заврши во Франција. Светската ракометна федерација (ИХФ) го објави и идеалниот тим на шампионатот, во кој има тројца играчи на вторпласираната Норвешка.

Најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ е МВП на штотуку завршеното Светско првенство во Фрнација, објави ИХФ.

Светската ракометна федерација го објави и идеалниот тим на првенството во кој се најдоа тројца играчи на вицешампионот Норвашка, двајца на светскиот првак Франција и по еден играч на Хрватска и Шведска.

Идеалниот тим на СП 2017:

Голман: Венсан Жерар (Франција)
Лево крило: Џери Толбринг (Шведска)
Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)
Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)
Десен бек: Недим Ремили (Франција)
Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Норвешка)
Пивот: Бјарте Мирхол (Норвешка).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП