22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПаје се враќа во Марсеј

Паје се враќа во Марсеј

Dmitri-Paje2-300x200@2x

Димитри Паје го напушти Вест Хем и се врати во Олимпик Марсеј, потврди англискиот клуб. Паје токму од Марсеј летото 2015 година пристигна во Премиерлигата.

„Вест Хем може да потврди дека денес го договори трансферот на Паје во Марсеј за 25 милиони фунти“, наведува во соопштението Вест Хем.

Олимпик Марсеј, како што потсетува агенцијата АФП, го собори клупскиот трансфер рекорд.

Паје најпрвин ќе треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе потпише договор до 2021 година.

Димитри Паје во Марсеј играше од 2013 до 2015 година, а претходно го носеше дресот на Лил, Сент Етиен и Нант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП