1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона извлече бод кај Бетис (видео)

Барселона извлече бод кај Бетис (видео)

betis-barca-696x421

Барселона се оддалечува од борбата за шампионската титула откако во првиот меч од неделната програма во 20.коло, во Примера, одигра 1:1 во Севилја против Бетис.

Барселона до бод стигна во 90.минута, кога Меси го проигра Луис Суарез кој ја погоди мрежата на Адан.

Претходно Бетис дојде до водство со голот на Дани Алегрија во 75.минута. Барселона беше оштетена во 78.минута, кога по ударот на Суарез топката ја мина гол линијата, еден од дефанзивците на Бетис ја исфрли во поле, но судиите тој момент не го видоа.

Барселона по 20.кола има 42 бода, еден помалку од лидерот Реал, кој има два средби помалку од Каталонците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП