11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВанатабе постави светски рекорд на 200 метри градно

Ванатабе постави светски рекорд на 200 метри градно

vantabe

Јапонскиот пливач Ипеи Ватанабе на натпревар во Токио успеа да го собори светскиот рекорд на 200 метри градно.

Ванатабе оваа делница ја исплива со време 2:06.67 минути и го собори рекордот на сонародникот Акихиро Јамагучи кој во 2012 година истата делница ја преплива за 2:07.01 минути.

„Многу сум возбуден, не очекував дека ќе го соборам светскиот рекорд. Сакам да станам пливач кој ќе соборува рекорди“, изјавил 19-годишниот Ванатабе.

Ипеи Ванатабе на Олимписките игри во Рио де Жанеиро не успеа да освои медал, иако во полуфиналето го собори олимпискиот рекорд. Во финалето трката на 200 метри градно тој ја заврши на шестото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП