3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧетири натпревари суспензија за Арсен Венгер

Четири натпревари суспензија за Арсен Венгер

arsen-venger-oo

Дисциплинската комисија на Англискиот фудбалски сојуз(ФА) го суспендираше менаџерот на Арсенал Арсен Венгер на четири натпревари заради инцидентот за време на мечот против Барнли.

Венгер е суспендиран бидејќи по исклучувањето во последните моменти од мечот не сакал да го напушти теренот, туку го турнал четвртиот судија Антони Тејлор, кој го предупредил дека мора да се пресели на трибините.

До инцидентот дојде откако судијата Џонатан Мос во втората минута од судиското надополнување, при водство на Арсенал од 1:0, досуди пенал за гостите. Венгер побесне на оваа одлука, па судијата му покажа црвен картон, но наместо на трибината, Французинот остатокот од мечот сакаше да го гледа од тунелот.

Кога четвртиот судија му пријде и му рече дека не може да стои на почетокот на тунелот, менаџерот на Арсенал го турна. Ситуацијата се смири, а Арсенал на крајот славеше со 2:1 со сомнителен пенал во седмата минута од судиското надополнување.

„Жал ми е заради инцидентот, требаше да се свртам и да си заминам. Се извинувам заради тоа“, рече Венгер, кој е казнет и со 30.000 евра.

Французинот заради казната ќе го пропушти саботниот дуел од ФА купот против Саутемптон, како и лигашките дуели против Ватфорд, Челзи и Хул.

Арсенал во моментот е на второ место на Премиер лигата со 47 бодови, осум помалку од лидерот Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП