21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМората си заминува од Реал

Мората си заминува од Реал

morata zizu3

Зинедин Зидан ќе му дозволи на Алваро Мората по завршувањето на сезоната да го напушти клубот, објавија мадридските медиуми.

Мората на почетокот на оваа сезона се врати во Реал, откако имаше две успешни сезони во Јувентус, но според тренерот Зинедин Зидан тој не ги исполнил очекувањата.

Шпанскиот репрезентативец, минатото лето, иако имаше понуди од Арсенал и Челзи, реши да се врати во Реал бидејќи добил гаранции дека ќе има место во првиот тим. Сепак од почетокот на сезоната, Зидан, предност му дава на сонародникот Карим Бензема, а Мората најчесто е на клупата.

Оваа сезона Мората одигра 13 натпревари и постигна пет гола, додека за две сезони во Јувентус постигна 15 голови на 63 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП