Расел Вестбрук ја обележа синоќешната скромна понуда со натпревари во НБА лигата. Покрај Оклахома, победи забележаа уште и Индијана, Јута и Денвер.
Бекот на Оклахома, Расел Вестбрук, не постигна трипл дабл, но со доминантна партија го предводеше тимот до победа над Далас 109:98. Тој натпреварот го заврши со 45 поени (16/29), осум скокови и три асистенции, а солиден учинок имаа и Виктор Оладипо со 17 односно Стивен Адамс со 15 поени. На спротивната страна најефикасен беше Херисон Барнс со 31 поен.
Индијана славеше кај Минесота 109:103, а во победата на тимот од Индијанаполис тројца играчи постигнаа најмалку 20 поени. Најефикасен со 32 коша беше Пол Џорџ, Еван Тарнер уфрли 23, а Џеф Тиг 20 поени. Карл-Ентони Таун имаше учинок од 33 поени и 10 скокови во редовите на Минесота.
Српскиот центар Никола Јокиќ блескаше во победата на Денвер над Феникс 127:120, но во последната минута го повреди колкот, а Денвер дополнително ќе објави дали тој ќе мора да отсуствува од терените. Јокиќ до повредата забележа 29 поени, 14 скокови, осум асистенции и две блокади.