5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса со убедлива победа над Сосиедад избори пласман во полуфинале (видео)

Барса со убедлива победа над Сосиедад избори пласман во полуфинале (видео)

1746103420588a7436cf93d938098649_w640

Барселона е последниот тим кој избори полуфинале во Купот на Кралот откако во четвртфиналниот двомеч со вкупни 6:2 го елиминира Реал Сосиедад. По минималната победа 1:0 во Сан Себастијан, Барселона во реваншот на Камп Ноу славеше со 5:2.

Здодевно прво и блескаво второ полувреме одиграа двата тима во реваншот во Барселона. Во домашниот тим, слично како и на првенствениот меч против Еибар, блескаа Денис и Луис суарез.

Денис Суарес го постигна водечкиот гол во 17.минута и тоа беше единствениот интересен момент во првиот дел.

Во второто полувреме беа постигнате шест гола, најпрвин Меси погоди од пенал, потоа Хуанми намали на 2:1, а предноста од два гола на Барслеона и ја врати Луис Суарез.

ВилијамХосе намали на 3:2, а потоа Арда туран и Денис Суарез ги поставија конечните 5:2.

Покрај Барселона полуфинале во Купот на Кралот изборија Алавез, Селта и Атлетико Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП