20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед загуби но се пласира во финалето во Лига купот (видео)

Јунајтед загуби но се пласира во финалето во Лига купот (видео)

pogba-696x418

Манчестер Јунајтед загуби во Хал (2:1), но ќе игра во финалето во Лига купот, благодарение на триумфот 2:0 во првиот меч пред своите навивачи.

Манчестер Јунајтед против тимот кој се бори за опстанок во Премиерлигата не блескаше, но успеа да ја оствари целта и да се пласира во финалето.

Хал го отвори резултатот во 35.минута кога Хадлстон постигна гол од пенал. Израмнување на резултатот донесе Погба во 66.минута, а конечниот резултат го постави Нијасе на пет минути до крајот на мечот.

За Хал на овој меч дебитираа стрелецот Нијасе кој дојде од Евертон и Марковиќ кој пред три дена пристигна од Спортинг Лисабон.

Манчестер Јунајтед во финалето ќе игра против Саутемптон на 26.февруари на Вембли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП