20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција не дозволи изненадување против Словенија и избори пласман во финалето

Франција не дозволи изненадување против Словенија и избори пласман во финалето

1406602806588a7144d77d4439156270_w640

Франција не дозволи изненадување против Словенија во првиот полуфинален натпревар на Светското првенство во ракомет и со победата 31:25 (15:12) бранителот на титулата избори пласман во финалето.

Франција ја потврди фаворитската улога против Словенија во првото полуфинале на Светското првенство и со сигурна игра во текот на целиот натпревар, со која диригираше одличниот Жерард на голот, си обезбеди место во финалето.

Цврстата одбрана, одличнот Жерард кој добри предност во однос на Омејер и импресионираноста на Словенците од важноста на мечот ја однесоа Франција на 6:2 по само девет минути игра.

Иако Словенците со една мала серија стигнаа на негатива од еден гол 7:6, Французите со нова серија 6:2, создадоа предност од 13:8, ставајќи му на знаење на противникот дека нема да дозволат изненадување.

Три гола имаа Французите предност на полувреме, а во раната фаза од мечот ја вратија предноста од пет гола. До последните седум минути Фрнација ја одржуваше разликата од три до пет голови, а во финишот ја достигна највисоката предност од шест гола.

Напаѓачки Франција во првиот дел ја предводеше Порт, а во вториот Ремили, иако со напаѓачкиот дел во целост диригираа најискусните Нарсис и Карабатиќ.

Ремили постигна шест гола, Порт еден помалку, додека голманот Жерар имаше 15 интервенции.

Кај Словенија најефикасен беше Доленец со пет гола, а четворица други ракометари постигнаа по три гола.

Противникот во финалето Фрнација ќе го дознае в петок кога своето полуфинале ќе го одиграат Хрватска и Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП