2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда го совлада Панатинаикос, Галатасарај потфрли со Фенербахче

Црвена звезда го совлада Панатинаикос, Галатасарај потфрли со Фенербахче

794377529588a484e219a4501545992_w640

Црвена звезда, Фенербахче и Макаби забележаа победи пред своите навивачи во воведните натпревари од 20-то коло во кошаркарската Евролига.

Црвена звезда против Панатинаикос ја продолжи неверојатната серија, забележувајќи ја седмата победа во низа за скор од 12 победи и осум порази. Регионалниот шампион, во крајно неизвесен натпревар славеше со 72:66, иако натпреварот го отвори со 16:0 во воведните шест минути.

Црвена звезда до победата ја предводеа Кузмиќ со 10 поени и 14 скокови, односно Симоновиќ кој постигна 13 поени. Гебриел со 23 поени (5/7 за три) беше најефикасниот кошаркар на ПАО.

Фенербахче, во градското дерби, имаше негатива против Галатасарај 38 минути, но на крајот победи 85:80. Галатасарј беше тимот кој го контролираше натпреварот, на моменти имаше предност и од 15 поени, но во второто полувреме немаше одговор за Весели.

Весели натпреварот го заврши со 20 поени и 7 скокови. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра 12 минути, а во статистиката запиша еден скок и две асистенции. На спротивната страна најефикасен беше Шилб со 21 поен.

Макаби ја прекина лошата серија со победата над Уникс 60:52. Макаби не блескаше имаше само двајца играчи со двоцифрен ефект (Гаудлок 17, Охајон 10), но успеа да ја забележи шестата евролигашка победа. Џонсон со 13 поени го предводеше Уникс, каде потфрли првиот стрелец во лигата Ленгфорд кој постигна 12 поени, но погоди само четири од 19-те обиди кон противничкиот кош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП