19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБундес лигата расте - приходите надминале три милијарди

Бундес лигата расте – приходите надминале три милијарди

488925326588a6254d32b2892576857_w640

Економската сила на Бундес лигата продолжува да расте, откако 18 клубови од најсилната германска лига надминале три милијарди евра приходи во 2016 година, соопшти во четврток директорот на Бундес лигата, Кристијан Зајферт.

Вкупниот приход на клубовите за сезоната 2015/16 бил 3,24 милијарди евра, што е 23,7 отсто повеќе во однос на претходната сезона.

Покрај тоа, 13 од 18 клубови во Бундес лигата оствариле приход поголем од по 100 милиони евра, рече Зајферт, претставувајќи го годишниот извештај на Бундес лигата во Франкфурт.

Бундеслигашките клубови оствариле 206,2милиони евра профит, што е најдобар резултат на лигата во историјата.

Клубовите од втората лига оствариле приход од 608,3 милиони евра, што е зголемување за 20,6 отсто во однос на претходната сезона.

Од 36 клубови во обете лиги, барем 34 се профитабилни, додека нема информации за Бајер Леверкузен и Волфсбург, бидејќи тие не ги објавуваат деловните резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП