19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБабунски почна да тренира со Јокохама

Бабунски почна да тренира со Јокохама

babun3

Давид Бабунски пристигнал на Тајланд каде се приклучил на подготовките на Јокохама, клуб со кој, доколку не се случи нешто непредвидено, ќе потпише договор.

Младиот македонски репрезентативец, Давид Бабунски, на почетокот на годината го раскина договорот со Црвена Звезда, незадоволен од минутажата која ја добиваше од тренерот Миодраг Божовиќ.

Бабунски, поради тоа сакаше да замине од Црвена Звезда, а фактот што нередовно ја добивал плата го искористи за да замине од Белград.

Иако шпекулациите беа дека тој кариерата ќе ја продолжи во Европа (се споменуваа Јанг Бојс, Бурса и Олимпија), тој се определи за Јокохама, клуб од Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП