21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИeBay се насочува кон големи промени

eBay се насочува кон големи промени

An eBay sign is seen at an office building in San Jose, California May 28, 2014. REUTERS/Beck Diefenbach/File Photo

„eBay“ забележа 3,1% раст на приходите за четвртиот квартал, покажувајќи знаци за подобрување во традиционалниот бизнис на компанијата, а сето тоа ги испрати нејзините акции со над 8% нагоре за време на проширената трговија, пренесува „Ројтерс“.

„eBay“, која некогаш беше синоним на онлајн аукции, ja оживеа својата платформа за да може да се натпреварува подобро со „Amazon“, најголемата онлајн малопродажба во светот, како и со физичките продавници. Тоа значи промена кон продажба на фиксни цени и страници за понуда на стоки кои се полесни за ориентирање на корисниците, отколку мноштвото објави на трговци кои можат да се генерираат за посебен производ.

„Ова е процес на промена за компанијата“, коментира аналитичарот на „BGC Partners“, Колин Џилис. Во позадина на падот на божиќните продажби на „Macy’s“ и „Kohl’s“, „eBay“ успеа да ги оправда очекувањата на аналитичарите за квартални приходи и профитот, бидејќи купувачите нарачале повеќе стока онлајн.

Компанијата со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, прогнозира дека нејзините приходи ќе нараснат до 9,5 милијарди долари во 2017-та година, додека аналитичарите очекуваат износот да достигне 9,36 милијарди долари според проценка на „Thomson Reuters I/B/E/S“.

„Очигледно тие се уверени за патот по кој оди компанијата. Под прашање ќе биде дали ќе можат да го постигнат“, коментира аналитичарот на „Edward Jones Research“, Џон Олсон.

Прогнозата претпоставува дека растот на продажбата на „eBay“ во нејзината онлајн продавница ќе се забрза, коментира аналитичарот на „Baird Equity Research“, Колин Себастијан.

Генерално прогнозата на компанијата не е сосема „розова“. Таа најави дека очекува приспособена профит меѓу 46 и 48 центи по акција за првото тримесечје, што е под 50 центи по акција според прогнозите од аналитичарите. Прогнозата на „eBay“ за годишната добивка е 2,03 долари, но исто така е под очекувањата на експертите.

Продажбата на продавницата на „eBay“ се зголеми за 4 отсто во четвртиот квартал, откако се земени во предвид промените во девизните курсеви. Тоа е прилично под растот генериран од електронската трговија во целина, посочуваат аналитичарите.

„Имаме напредок. Но за овој напредок е потребно време“, коментира извршниот директор Девин Вениг за време на состанокот со аналитичарите, наведувајќи ги инвестициите во мобилната трговија и други области.

Компанијата објави дека нејзиниот бруто обем на стока, или вкупната вредност на сите стоки кои се продаваат во нејзините сајтови се зголеми за 2,2% до 22,34 милијарди долари во четвртиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП